Наука и технологија

„Виндоус 10 октомври 2018“ надградбата е достапна за сите корисници

„Мајкрософт“ веќе се подготвени со финалната верзија на „Виндоус 10 октомври 2018“ надградбата, која сега може да се инсталира на сите уреди

Редмонд, 20 декември 2018 (МИА) – „Мајкрософт“ почна да ја дистрибуира долгоочекуваната „Виндоус 10 октомври 2018“ надградба во првитеденови на октомври. Потоа, сепак, настанаа неочекувани проблеми со функционирањето на компјутерите, поради што компанијата на неколку пати ги запре ажурирањата. На овој начин, софтверските инженери на „Мајкрософт“ си го обезбедија потребното време за отстранување на грешките што се појавија.

Важно е да се напомене дека компанијата од Редмонд намерно го блокираше пристапот до надградби за милиони уреди со „Виндоус 10“ кои имаат некомпатибилни драјвери. Така се намалува бројот на заразени машини од проблематичната надградба. „Мајкрософт“ веќе се подготвени со финалната верзија на „Виндоус 10 октомври 2018“ надградбата, која сега може да се инсталира на сите уреди, објави „Врџ“. За да го направите тоа, треба само да ја преземете датотеката за инсталација.

Ова е императив, бидејќи „Мајкрософт“ ги блокираше автоматските ажурирања поради различни проблеми. Најдобрата опција е да оставите „Виндоус 10“ сам да пребара достапни ажурирања и да ги инсталира. Во моментов над 700 милиони уреди низ целиот свет го користат оперативниот систем, а компанијата се надева дека нема да има повеќе проблеми. Следниот голем „апдејт“ ќе се случи во почетокот на 2019 година и веројатно ќе биде достапен за сите во април.вз

Таг
Back to top button
Close