Фудбал

Вернер најави трансфер во Баерн

Во меѓувреме, тренерот на Лајпциг, Ралф Рангник, се надева дека напаѓачот ќе остане во тимот.

Лајпциг, 20 декември 2018 (МИА) – Младиот напаѓач на Р.Б. Лајпциг и репрезентацијата на Германија, Тимо Вернер, кој е посочуван како еден од најперспективните германски играчи, соопшти дека има интерес да се пресели во Баерн Минхен. Веќе извесно време, локалните медиуми велат дека 22-годишниот напаѓач е меѓу главните трансфер цели на баварците. Неговиот сегашен договор истекува во летото 2020 година.

– Не треба да се брзам. Можам да мислам на мојата иднина на мир и да одлучам во новата година. Ако играш за Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, можеш да преминеш само во еден клуб. Се разбира, останување во Лајпциг исто така е опција, но секако има и други тимови, кои исто така се варијанти, рече Вернер по натпреварот помеѓу двата тима, кој заврши со победа од 1:0 за Баерн Минхен.

Во меѓувреме, тренерот на Лајпциг, Ралф Рангник, се надева дека напаѓачот ќе остане во тимот.

– Мислам дека доволно зборувавме за ова во минатото. Тој има договор до 2020 година и има подготвен предлог да го продолжи, кој го чека само неговиот потпис. Тој ќе горазгледа по Божиќ и за време на зимскиот одмор. Ако е добро советуван, откако го познавам неговиот агент долго време, тогаш ќе разбере што има тука во Лајпциг. Не мислам дека ако беше во друг клуб, неговата кариера ќе се развиеше на тој начин. Затоа мислам дека ќе остане со нас. Ќе видите што ќе се случи по три или четири години. Сега тој е најдобро во нашите раце, рече Рангник.

Вернер има 54 гола во 96 натпревари за тимот откако дојде од Штутгарт во летото 2016 година.вз

Таг
Back to top button
Close