0_Спорт.ПорталФудбал

Ван Дајк: Не очекува тежок натпревар против Наполи

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, во пресрет на натпреварот од шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи, изјави дека е убеден оти натпреварот со италијанскиот тим ќе биде многу тежок.

Ливерпул, 10 декември 2018 (МИА) – Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, во пресрет на натпреварот од шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи, изјави дека е убеден оти натпреварот со италијанскиот тим ќе биде многу тежок.
Ливерпул е трет во Лигата на шампионите со шест поени. Наполи со девет поени е лидер. Англискиот клуб стигна до финалето минатата сезона и загуби од Реал Мадрид со 1:3.
– Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар со Наполи. Неопходно е да излеземе на теренот и да докажеме дека Ливерпул е способен за многу нешта. По натпреварот против Борнемут (4:0) не разговараме за титулата. Сезоната е долга и сè може да се промени, изјави 27-годишниот холандски фудбалер .
Тимот на Јирген Клоп го пречекува Наполи на „Енфилд“ утре од 21 часот. вз/ми/

Таг
Back to top button
Close