БалканБалкан.Портал

Ѓукановиќ: Три големи проблеми на Западен Балкан

Македонија, чија европска и евроатлантска интеграција е предолго затворена, Босна и Херцеговина, која е нефункционална држава и дијалогот меѓу Србија и Косово, чиј крај не се назира, се трите крупни политички проблеми преостанати од времето на последната безбедносно-политичка криза на територијата на поранешна Југославија, а кои сè уште не се решени, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Буенос Аирес, 11 декември 2018 (МИА) – Македонија, чија европска и евроатлантска интеграција е предолго затворена, Босна и Херцеговина, која е нефункционална држава и дијалогот меѓу Србија и Косово, чиј крај не се назира, се трите крупни политички проблеми преостанати од времето на последната безбедносно-политичка криза на територијата на поранешна Југославија, а кои сè уште не се решени, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

На предавањето во Советот за меѓународни односи, Ѓукановиќ оцени дека исконски балкански проблем е економската заостанатост.

– Поради тоа, ако Унијата во догледно време не го интегрира Западен Балкан и не ги заокружи своите граници на цел континент, отвора можност за влијание од трети земји, и тоа не само на Балканот, туку и во добар дел на Европа, оцени црногорскиот претседател.

Тој оцени дека регионот сега е од 30 до 40 отсто од просечниот стандард на Европејците.

– Ако со ова темпо продолжи растот на БДП во ЕУ и на Балканот, на регионот ќе му требаат 100 години за да ја достигне Европа, истакна Ѓукановиќ. ссм/

 

Back to top button
Close