0_Спорт.ПорталФудбал

Уапсен водачот на навивачите на Интер за инцидентите пред Интер – Наполи

Милано, 31 декември 2018 (МИА) – Водачот на навивчите на северната трибина на „Џузепе Меаца“, Марко Пиовела е уапсен, известува „Газета Дело Спорт“.

Италијанските власти го обвинуваат навивачот поради тешките борби околу натпреварот помеѓу Интер и Наполи.

Се верува дека Пиовела, наречен „Ил Росо“, е меѓу организаторите на заседата против неаполските навивачи.

Во присуство на неговиот адвокат, лидерот на групата „Бојс“ призна дека бил присутен на местото на настанот, но негира дека е меѓу „конструкторите“ на крвавиот судир, во кој загина фан на Интер.вз

Таг
Back to top button
Close