ОТС

ТТК Банка АД Скопје денес прославува 25 години од основањето на еден од нејзините претходници Тетекс Банка АД Скопје

Број на објава:600/12/18
Датум: 26.12.2018
Нарачател:ТТК Банка
Телефон:+3892 3247000
Клучни зборови:ТТК Банка

 

На 25.12.1993 година беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешна ТТК Банка АД Скопје.

Идејата за формирање на уште една банка во Република Македонија веднаш по нејзиното осамостојување потекна од АД Тетекс Tетово од тогашниот и сегашен Претседател на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Глигорие Гоговски.

Подоцна во 2001 година Тетекс Банка АД Скопје со спојувањето со Кредитна Банка АД Битола ја оформија Тетекс – Кредитна Банка АД Скопје, која пак од 01.06.2006 година со Тетовска Банка АД Тетово, продолжи да работи под денешното име ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион, во кој според документите банкарството почнува да се развива  уште во 1930 година со формирањето на тогашната Тетовска Кредитна Банка АД, како една од најстарите банки во македонската банкарска историја до денес..

Денес, ТТК Банка АД Скопје, е успешна банка со стабилен позитивен раст. Банката располага со широко распространета мрежа од вкупно 7 филијали, 19 експозитури и 2 шалтери низ цела територија на Република Македонија.

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close