0_Македонија.ПорталБалканБалкан.ПорталМКДХроникаХроника.Портал

Тројца загинати откако се преврте автобус со македонски регистерски таблички близу Лесковац

Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Белград, 16 декември 2018 (МИА) – Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Крајна дестинација на автобусот требало да биде Виена. зш/

Back to top button
Close