СветСвет.Портал

Трамп: Никогаш не го терав Коен да го крши законот

Американскиот претседател денеска реагираше на вчерашната пресуда на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, нагласувајќи дека никогаш не барал од него да го прекршува законот.

Вашингтон, 13 декември 2018 (МИА) – Американскиот претседател денеска реагираше на вчерашната пресуда на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, нагласувајќи дека никогаш не барал од него да го прекршува законот.

– Никогаш не барав од Мајкл Коен да го крши законот. Тој е адвокат и би требало да го знае законот, напиша Трамп на Твитер.

Трамп во твитот додава дека Коен бил прогласен за виновен по неколку обвиненија, но дека тоа нема никаква врска со него.

Суд во Њујорк вчера го осуди Коен на 36 месеци затвор за неколку кривични дела, вклучувајќи и лажно сведочење пред Конгресот и овозможување на нелегални исплати на две жени, со цел да молчат за нивните наводни интимни врски со Трамп.

Коен (52), кој долги години беше личен адвокат на Трамп, во август призна дека во пресрет на претседателските избори во 2016 година и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс и организирал исплата од 150.000 долари за поранешниот модел на Плејбој, Карен Мекдугал. Даниелс и Мекдугал, кои тврдеа дека имале сексуални врски со Трамп, ги добиле парите за да не ги обелоденат своите односи со претседателот.

Трамп уште претходно негираше дека имал какви и да било врски со Даниелс и Мекдугал и ги отфрли обвинувањата дека им биле исплатени пари за да молчат за аферите, тврдејќи дека исплатите биле „едноставна приватна трансакција”. сп/

Таг
Back to top button
Close