СветСвет.Портал

Трамп го номинира генералот Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира генерал Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД.

Вашингтон, 8 декември 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира генерал Марк Мили за претседател на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД.

Генерал Мили во моментов е шеф на генералштабот на копнените сили. Ако неговата кандидатура биде одобрена од Сенатот, тој ќе го замени генерал Џозеф Данфорд, кој ќе се пензионира во октомври 2019 година.

Генералот Данфорд е поранешен командант на Маринскиот корпус и командант на Коалициските сили во Авганистан. Генерал Мили командуваше со војски во Ирак и во Авганистан, и е началник на Генералштабот на копнените сили од август 2015 година. јт/

Таг
Back to top button
Close