Занимливости

Светот наскоро ќе ја види најсјајната комета која ќе помине покрај Земјата

Најсјајната комета, наречена 46П/Виртанен (46P/Wirtanen) следната недела ќе помине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10-те најблиски средби со таков вид небесно тело од 1950 година, и меѓу 20 најблиски од 9-от век.

Хјустон, 6 декември 2018 (МИА) – Најсјајната комета, наречена 46П/Виртанен (46P/Wirtanen) следната недела ќе помине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10-те најблиски средби со таков вид небесно тело од 1950 година, и меѓу 20 најблиски од 9-от век.

Како што наведува „Ју-Ес-Еј тудеј“, кометата ќе биде најблиску до Сонцето следната среда на 12 декември, а на Земјата на 16 декември и ќе помине на оддалеченост од 11.265.408 километри.

Кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа преку двоглед и мал телескоп, особено вон градовите, препорачуваат експертите.

Со оглед на тоа дека кометата неколку недели ќе поминува покрај Земјата, научниците од НАСА ќе имаат можност детално да ја проучат.

Одделот за астрономија на Универзитетот во Мичиген соопшти дека „нема шанси кометата да ја погоди Земјата“. јт/

Таг
Close