ЕвропаЕвропа.Портал

Шестмина полицајци повреден при судири меѓу полицијата и демонстранти во Каталонија

Шестмина полицајци се повреден вечерва при судири меѓу група демонстранти и полицијата во градот Жирона во шпанскиот автономен регион Каталонија, за време на протестите по повод 40-годишнината од усвојувањето на Уставот на Шпанија.

Мадрид, 6 декември 2018 (МИА) – Шестмина полицајци се повреден вечерва при судири меѓу група демонстранти и полицијата во градот Жирона во шпанскиот автономен регион Каталонија, за време на протестите по повод 40-годишнината од усвојувањето на Уставот на Шпанија.

Како што јави ДПА, за време на протестите полицијата уапси еден демонстрант.

Протестите ги организраше група, која себе си се нарекува „антифашисти“, со цел да го спречи одржувањето на собирот по повод донесувањето на Уставот, организран од екстремно десничарската и популистичка партија Вокс.

Вокс, која е формирана во 2013 година од дисиденти од конзервативаната Народна партија, жестоко се противи на независнoста на Каталонија и се залага за зачувување на единството на Шпанија.

На регионалните избори во Андалузија во неделата, Вокс освои 10,97 отсто од гласовите и 12 мандати, со што првпат обезбеди места во еден Парламент на шпански регион. сп/

Таг
Back to top button
Close