СветСвет.Портал

Шефот на севернокорејската дипломатија во посета на Сирија и Кина

Министрите за надворешни работи на Северна Кореја и Сирија Ри Јон-хо и Валид Муалем се сретнаа денеска во Дамаск и разменија благодарност за взаемната поддршка низ годините на меѓународна изолација.

Дамаск, 4 декември 2018 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Северна Кореја и Сирија Ри Јон-хо и Валид Муалем се сретнаа денеска во Дамаск и разменија благодарност за взаемната поддршка низ годините на меѓународна изолација.

Ри Јон-хо се заблагодари за противењето на Сирија на меѓународните санкции кон Северна Кореја, а Муалем за поддршката на Пјонгјанг на меѓународните форуми.

Севернокорејскиот министер денеска имаше средба и со сирискиот претседател Башар ал Асад, кој оцени дека САД се непријателска земја и за Сирија и за Северна Кореја.

Севернокорејскиот министер од 6 до 9 декември ќе престојува и во Кина, каде ќе има средба со својот колега Ван И, со кого ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, билатералните односи и други прашања од взаемен интерес. ссм/

 

Back to top button
Close