Дописници МКДОпштински вести

Се урна рид на патот Делчево – Македонска Каменица

Поради голем одрон и урната земја сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица од синоќа е во прекин.

Делчево, 18 декември 2018 (МИА) – Поради голем одрон и урната земја сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица од синоќа е во прекин.
Одронот е пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица. Сите кои имаат потреба да патуваат до Скопје тоа можат да го сторат по алтернативниот патен правец Делчево – Бигла – Виница. Тешките товарни возила, пак, можат да се движат само преку Берово.
Нема информации за повредени.вс/са/

Back to top button
Close