ЕвропаЕвропа.Портал

Протест во Париз поради зголемување на студентските такси за неевропејците

Помеѓу 2.000 и 5.000 лица, повеќето студенти, денеска протестираа во центарот на Париз поради зголемувањето на надоместоците на француските универзитети за странци, кои доаѓаат од држави надвор од Европската унија и Европската економска област, што неодамна го најави Владата на Франција.

Париз, 6 декември 2018 (МИА)Помеѓу 2.000 и 5.000 лица, повеќето студенти, денеска протестираа во центарот на Париз поради зголемувањето на надоместоците на француските универзитети за странци, кои доаѓаат од држави надвор од Европската Унија и Европската економска област, што неодамна го најави Владата на Франција.

Демонстрантите поминаа неколку делови од градот, извикувајќи: „Макрон, оставка!”
и „Солидарност со странците!”.

Од почетокот на 2019 година, студентите од земјите надвор од ЕУ и ЕЕО нема да плаќаат исти такси како оние кои доаѓаат од земијте членки на Унијата.

Не-Европејците ќе платат 2.770 евра за дипломски студии и по 3.770 евра за магистерски и докторски студии. За европските студенти тие давачките изнесуваат 170 евра годишно за дипломци, 243 евра за магистри и 380 евра за докторанти.

Според Владата, зголемувањето на таксите за студентите, кои доаѓаат од земјите надвор од ЕУ и ЕЕО, ќе овозможи да бидат зголемени стипендиите за другите студенти, а некои пак да бидат целосно ослободени од такси.

Протестот се одржа во исто време со протестите на среднопколците и на движењето на „жолтите елеци”. ир/сп/

Таг
Back to top button
Close