Дописници МакедонијаОпштински вести

Предновогодишно обраќање на ректорот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Беџети

Зголемување на подршката од државниот буџет за 40 отсто, преструктурирање на академската понуда, прилагодување на новиот закон за високо образование и промената на управата на универзитетот. Ова се најзначајните моменти од работата на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово според предновогодишното обраќање на ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети.

Тетово 28 декември 2018 (МИА) – Зголемување на поддршката од државниот буџет за 40 отсто, преструктурирање на академската понуда, прилагодување на новиот закон за високо образование и промената на управата на универзитетот, се најзначајните моменти од работата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, истакна ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети.

Тој во денешното предновогодишно обраќање рече дека зголемената поддршка од државата покажува дека е воочена потребата за подршка на нивните наставни програми кои се од големо јавно значење. Тој отфрли било какво влијание врз работата на Универзитетот поради добиените државни пари.

-Со оваа зголемена финансиска подршка на никој начин не може да се влијае врз ограничувањето на нашата универзитетска академска слобода. Овие средства се далеку од обем за било какво влијание. Нивната вредност е 15 отсто од нашиот вкупен буџет и таа дава едно од вкупно деветте места во Бордот на универзитетот, каде три места имаа меѓународните основачи и донатори, рече Беџети.

Во однос на Законот за високо образовани донесен во мај годинава, Беџети рече дека со новото законско решение се задржува организационото работење на Универзитетот на ЈИЕ како и досега и му се признава неговата специфична улога во општеството, како и тоа дека тие се при крај со усогласувањето на нивните внатрешни акти и Статутот во согласност со овој закон.

За акдемската понуда Беџети најави дека согласно потребите на пазарот тие ќе ги сменат програмите од 180 плус 120 кредити или три плус две години студирање во 240 плус 60 кредити или четири плус една година студии со посебна заложба последната година од академското образование да биде стручно попрофилирана за кадрите да бидат подобро подготвени за специфични потреби на фирмите и институциите во земјата и надвор од неа.

-Од следната година ќе направиме напори за проширување на понудата за таканаречените потехнички профили во прво време помеките како дизајн, архитектура и слично за потоа да преминеме и на потешките технички профили, изјави Беџети.

Во врска со промената на управата каде тој годинава беше избран на ректорската функција, Беџети рече дека сите овие процедури се детални и добро разработени.

-Ова е трета генерација на нова управа на Универзитетот на ЈИЕ и концептот на избор на професионални и компетентни кадри кои се дел од институцијата од нејзиното основање пред 17 години само го потврдува нејзиниот континуитет и затоа ваквите промени поминуваат без голем период на адаптирање рече Беџети.

Одговарајќи на новинарско прашање околу студентските протести минатата недела во Тетово, околу состојбите на високообразовните инститиции во земјава, Беџети посочи дека тие како управа на УЈИЕ не можат да се најдат посочени со ниту едно од 15-те барања од студентите истакнати на протестите. Како пример тој ги наведе нивните процедури околу изборот на литература и книги за секој предмет каде и за предметот што тој го предава. Неговата книга е на третото место како моќна литература што треба да ја користат студентите. ас/мс/

 

Back to top button
Close