Избрано

Последниот ветеран во Белата куќа

Џорџ Херберт Вокер Буш, 41. претседател на САД и глава на династијата Буш, почина минатата недела во 94. година од животот, а ќе остане познат по тоа што придонесе за завршување на Студената војна, Пустинска бура, и инвазијата на Панама.

5 Декември 2018

Блиц – Белград

Џорџ Херберт Вокер Буш, 41. претседател на САД и глава на династијата Буш,  почина минатата недела во 94. година од животот, а ќе остане познат по тоа што придонесе за завршување на Студената војна, Пустинска бура, и инвазијата на Панама.

Тој беше последниот ветеран од Втората светска војна кој служел како претседател, а неговата смрт во длабока старост исто така означи крај на една ера – Буш постариот стана најдолговечниот американски претседател. Ја водеше Америка низ турбулентен период на планот на глобалните односи, вклучувајќи го и распаѓањето на Советскиот Сојуз и ирачката инвазија на Кувајт.

Џорџ Буш постариот со Михаил Горбачов

Умерениот конзервативец, Буш постариот служеше само еден мандат како прв човек на САД, од 1989 до 1993, но му недостасуваа харизмата и поларизирачката идеологија на неговиот претходник Роналд Реган, под кој служеше како потпретседател. Сепак, беше почитуван поради цврстата рака која ја покажа за време на несигурниот период во историјата на светот, кога беше урнат Берлински ѕид, падот на советскиот комунизам во источна Европа, а САД излегоа како единствена глобална суперсила.

За една година од неговата инаугурација ситуацијата во светот се смени до непрепознатливост. Она што Реган го нарекуваше „лошо царство“ се распаѓаше, а Буш постариот стапи на светската сцена со поглед кој беше повеќе прагматичен отколку  идеолошки. Тој не веруваше во антиракетниот систем за кој Реган сметаше дека ќе ја заштитити нацијата од нуклеарен напад, па потпиша два договори со Русија за разоружување.

Освен по цврстата рака во тешки времиња, Буш постариот ќе остане запаметен и по виталниот дух – беше активен се до постара возраст и најмалку три родендени откако излезе од Белата куќа ги прослави скокајќи со падобран. Исто така, Буш постариот минатата година се извини поради сексуален напад. Неговиот портпарол Џим Мекграт призна дека поранешниот претседател умеел „од шега да потапка женски задници“, за да ги „опушти луѓето“ за време на фотографирање.

Најдобро подготвен престедател

Во Овалната канцеларија Буш постариот стигна под дебела сенка на Реган, поранешен ривал, но уште тогаш бил добро поткован – одликуван морнарички пилот, успешен нафтен претприемач, конгресмен, делегат во ОН, претседател на Републиканската партија…

Две децении служел како амбасадор во Обединетите Нации, бил амбасадор во Кина, претседавач со Републиканскиот национален комитет во екот на скандалот „Вотергејт“, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), а два мандати бил потпретседател на Реган, иако никогаш не бил целосно прифатен во неговиот потесен круг.

Џорџ Буш Постариот и Роналд Реган

Некои поради тоа сметаат дека бил најдобро подготвен претседател во американската историја. Сепак, Буш постариот бил ставен на жесток тест, и како дипломат и како државник, а огненото крштевање му било распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Тоа било предизвик за кој тој бил подготвен на единствен начин – неговиот близок однос со Михаил Горбачов помогнал да се одржи стабилноста во светот за време на распадот на СССР.

Буш постариот во 1989 наредил напад на Панама за да го симне од власт Мануел Антонио Нориега.

Нов светски поредок

Поранешниот претседател во 1990 отиде толку далеку што дури прогласи „нов светски поредок“ кој ќе биде „ослободен од терористички закани, посилен во потрага по правда и побезбеден во тежнеењето кон мир – свет во кој нациите ја препознаваат заедничката одговорност за слобода и правда. Свет во кој посилните ги почитуваат правата на послабите“.

Буш Постариот, Обама и Буш Помладиот

Кога ирачкиот диктатор Садам Хусеин изврши инвазија врз Кувајт во летото 1990, Буш постариот состави коалиција од 30 држави, вклучувајќи го и Советскиот Сојуз и неколку арапски земји, кои ги поведоа ирачките сили со неочекувана леснотија, во војна која траеше само 100 часа. Меѓутоа, Буш постариот го остави Садам на власт, што се покажа како најлоша одлука за неговиот син, кој една деценија подоцна дојде на неговото место.

Осумгодишното ангажирање на Буш помладиот во војната во Ирак се смета за голема грешка во надворешната политика.

Додека Буш постариот доби признание за својот пристап во надворешната политика, на домашен фронт беше помалку успешен и во 1992 ја загуби трката за претседател од демократот Бил Клинтон. Тоа беше делумно и поради лошата состојба во економијата за време на неговиот мандат, кога дошло до зголемување на невработеноста.

– Кога зборот умереност ќе стане валкан збор, треба да ги преиспитаме нашите души, наведе Буш постариот во писмо до пријател во 1964, откако ја загуби првата политичка трка.

„Читајте ми од уста“

Од сите негови изјави, Американците можеби најдобро ќе го паметат заветот кој го даде како потпретседател на Националната конвенција на републиканците во 1988.

– Читајте ми од уста. Без нови даноци, им рече Буш постариот на делегатите.

За жал, излезе дека погрешно ги проценил работите. Кога влегол во канцеларијата, соочен со федерален дефицит кој тивко растел за време на неговиот претходник и Конгрес контролиран од страна на демократите, Буш постариот бил приморан да го прекрши своето ветување.

Зад себе остави и два значајни правни документи – Амандманите на Законот за чист воздух, кои се уфрлени во 1990, и Законот за Американците со инвалидитет кој беше усвоен истата година.

Како претседател работел долго и обрнувал големо внимание на детали. Неговиот поранешен менаџер на кампања од 1992 Фред Малек го опиша како „човек кој се сака да направи како што треба“. Но, за разлика од своите претходници, Буш постариот не успеа да го артикулира сеопфатниот поглед на принципите од кои се раководеше.

– Некои сакаа да им ги изнесувам работите како приказни покрај логорски оган, како што тоа го правел Френклин Рузвелт. Јас не сум добар во тоа. Јас сум практичен човек кој го преферира она што е вистинско, а не апстрактно, во воздухот, запиша Буш постариот во својот дневник.

Имал компетитивна природа и голема амбиција, бил способен за водење остри политички кампањи и ја поведе нацијата во војна, но неговите главни постигнувања биле на преговарачка маса, наведува „Вашингтон пост“. И покрај тоа, често останувал без зборови во јавност, посебно кога требал да зборува за себе, поради што бил лесна мета за карикатури.

Буш постариот неминовно ќе биде запаметен и као глава на „племето“ Буш, една од најуспешните политички династии во Америка. Татко е на Џорџ Буш помладиот, 43. претседател, на Џеб Буш, кој беше во трката за републикански кандидат за претседател, но загуби од Трамп во 2016. Џорџ помладиот и Џеб Буш воедно се и поранешни гувернери на Тексас и Флорида.

Роден е во Милтон, Масачусетс, на 12 јуни 1924, како второ од пет деца на Прескот и Дороти Буш, а израснал во Гринвич, Конектикат. Неговиот татко бил претприемач кој станал банкар на Волстрит и сенатор, и со тоа го трасирал патот за следните две генерации на семејството Буш.

Џорџ и Барбара Буш

– Џорџ Х.В. Буш, авијатичар од Втората светска војна, пионер на нафтениот бизнис во Тексас и 41. лидер на САД почина на 30 ноември 2018. Го надживеаја неговите пет деца и нивните сопружници, 17 внучиња, осум правнучиња и двајца најблиски роднини. Ја надживеа својата сопруга Барбара (73), своето второ дете Полин, и браќата Прескот и Вилијам, стоеше во соопштението од неговата канцеларија. јт/

Таг
Close