ЕвропаЕвропа.Портал

Парламентот на Украина го поддржа раскинувањето на Договорот за пријателство со Русија

Украинскиот Парламент, Врховната Рада денеска ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за раскинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија.

Киев, 6 декември 2018 (МИА) – Украинскиот Парламент, Врховната Рада денеска ја поддржа одлуката на претседателот Петро Порошенко за раскинување на Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија.

– Договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Украина и Русија ќе биде раскинат на 1 април 2019 година, се наведува во образложението на предлогот.

Одлуката за раскинување на Договорот беше поддржана од 277 пратеници. За нејзино усвојување беа потребни 226 гласа. ир/сп/

Таг
Close