Верски календар

Од верските календари

6 декември 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 ноември.

Денеска е Св. Амфиолохиј Икониски.

Свети Амфилохиј се роди во Кападокиска Кесарија (Цезареја), меѓу 339 и 345 година. Татко му беше ретор. Подоцна и самиот стана ретор и адвокат во Константинопол. Во седумдесеттите години се врати во своето родно место и наскоро се замонаши. Беше избран за епископ на Иконија во 373 година, против неговата волја. Беше голем заштитник на Православието од тогашните ереси. Како сведок на верата за Азија” учествуваше на Вториот вселенски собор во 381 година. Се успокои во Господа кон крајот на четвртиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Никола.

Славејќи го денешниот празник Свети Никола, сакаме да го кажеме тоа што е најубаво во нашата вера – љубовта. Во близина на куќата на Свети Никола живеел некој сиромашен човек со своите три ќерки, кои можеле да се омажат, но тој не можел да им даде мираз. Несреќниот татко одлучил да заработува, тргувајќи со убавината и младоста на своите ќерки. Тие се молеле на Господ да ги спаси од злото. Свети Никола дознал за таа црна одлука на несовесниот татко, па земал вреќа полна со златници, и преку прозор ја фрлил во куќата на сиромашните. Така таткото на чесен начин ги омажил своите ќерки, а оттогаш Свети Никола се слави како пријател на сиромашните.

###

Close