Обичаи и верувања

Обичаи и верувања

Народни песни од Песпа

28 декември 2018 

Народни песни од Преспа 

Свеле са, Боже, ветрој,
Пред лепа црква Совија,
Кренале Маре детето.
Викнала Мара да плачи:
„Олеле Боже до Бога!“
Сам Ристосче е кротеше:
„Молчи ми, Маро, не плачи,
Детето ојде на арно,
Та да ми прајт мостој.“
Велигденска песна.

Ми одлитале голумби
Ми одлитале голумби,
Од Света Гора манастир,
Литале, што ми литрале,
Во стред мора паднале,
Кај Манулево ѓемиче:
„Мануле, море ѓемиџи!
Ветрој ти са фалеа,
Ѓемиче ќе ти преврне.“
Голумби, бража голумби,
И ако са фалеа,
Ништо не ќе ми праја.
Диреци имам железни,
Мацките ми са сребрени,
Платната ми са лелени.

Една млада невеста
Една млада нееста,
Бела пченица требеше,
И на гулумби фрлеше:
„Гулумби, браќа гулумби,
Вије високо литате,
Широка дуња шетате,
Да не видофте брата ми,
Брата ми, мили Стојана?“
Неесто црвен трандафил,
Брата ти ти го видофме,
Покрај ми море седеше,
Бела ми книга пишеше,
Стребрен ми калем држеше,
Голем ми есап праешпе,
Од три тоари флорини.“

Легнало лудо заспало
Легнало лудо заспало,
Под крстафтото орефче,
Ми поминаа три луди,
Три луди, млади делии.
Тој што помина понапре,
Тој ми а фрли ризата,
Со неа да се ќердоса.
Тој што помина по него,
Тој ми о фрли јабоко,
Позелен да е од него.
Тој што помина по сетне,
Тој ми го фрли прстено,
Со него да се ќердоса.

Сурвала ми је Калина
Сурвала ми је Калина,
Потквечерина за вода,
Чевлите шо је ропает,
Гајтано шо е ѕунеше.
Допуштуил Господ ајнѓели:
„Сурвајте долу видајте,
Што ми са тије ропој (врева)
Ропој та и ѕвекој.
Да не са маски пашински,
Да не са офци со ѕвонци?“
Не биле офци со ѕвонци,
Туку ми била Калина.

Што виде татко ти, Ванчо
Што мака виде татко ти, Ванчо,
Што ја продаде куќата,
Куќата беше голема, ванчо,
Со седом, осом пенџери,
Со девет- десет авлији.
На авлијата вратниче,
На вратничето момиче,
Момиче момче чекаше,
Момчето било чуждина.

Според записите на Сима Н. Томиќ, објавени во списанието „Македонски јазик“ Скопје 1957 година. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close