Svet.SlajderСветСвет.Портал

НАТО: Рускиот ракетен систем 9М729 е голем ризик за нашата безбедност

НАТО формално ја обвини Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.

Брисел, 4 декември 2018 (МИА) – НАТО формално ја обвини Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.

Со ИНФ Европа се ослободи од нуклеарните ракети поставени на копно.

– Сојузниците заклучија дема Русија развива и на терен поставува ракетен 9М729, со што се крши Договорот ИНФ и претставува значаен ризик за евроатлантската безбедност, се наведува во соопштението издадено по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата.

Во соопштението се посочува и дека министрите „силно ги поддржуваат САД, кои утврдија деа Русија врши материјално кршење на обврските преземени согласно Договорот ИНФ. ми/

Таг
Back to top button
Close