0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Мурињо: Рашфорд е лудо куче

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не беше фасциниран од играта на својот тим по 2:2 против Саутемптон во средба од 14-тото коло во Премиер лигата.

Саутемптон, 2 декември 2018 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо воопшто не беше фасциниран од играта на својот тим по 2:2 против Саутемптон во средба од 14-тото коло во Премиер лигата.

Тој одлучи да го пофали само младиот напаѓач Маркус Рашфорд за неговата добра работа на мечот.

Јунајтед заостануваше со 0:2 по првите 20 минути на „Сент Мери“, но две прекрасни асистенции на Рашфорд за Ромелу Лукаку и Андер Ерера, донесоа бод на „црвените ѓаволи“.

– Сакам да кажам дека Маркус е лудо куче. Тој беше совршен, додека не се умори. Тој имаше и некои проблеми пред почетокот на средбата. Некои играчи со слични повреди не играа, но Маркус стисна заби и играше – сигурен сум дека тој ќе биде совршен следниот пат. Мислам дека кучињата се подобри од луѓето, со сета моја почит кон нив, изјави Португалецот по вчерашниот меч.

Манчестер Јунајтед продолжуваат да се мачат во Премиер лигата, откако се на седмо место на табелата со 22 бода, на 16 од Манчестер Сити, и пласманот во зона Лига на шампиони ќе биде тешко остварлив оваа сезона.вз/см/

Back to top button
Close