МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

9:30/24 декември 2018

9:30/24 декември 2018

– Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и  „Тарифа“.

– Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Атина, најверојатно на 10 и 11 јануари, објави грчкиот весник „Катимерини“. Причината за дводневната посета, според весникот, е да изрази поддршка за грчката влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент и да испрати позитивна порака по излезот на Грција од меморандумите.

Расел Вестбрук постигна 23 поени надополнети со 11 скока и 10 асистенции ноќеска на средбата со Минесота, но и тоа не беше доволно Оклахома сити да го избегне поразот.

Кошаркарките од прволигашкиот тим на Крива Паланка остварија значајна победа на домашен терен на мечот против Шкупи од Скопје со 83:60. Со оваа победа тимот од Крива Паланка ја запиша четвртата победа во дебитантската сезона во Првата македонска кошаркарска лига, зацврстувајќи се на петтата позиција на табелата.

– Белградскиот весник „Курир“ пишува денеска дека албанската мафија само во изминатите десет години испрала повеќе од една и пол милијарда евра на црниот пазар на недвижности во Србија. Според соговорниците на весникот, албанската мафија на тој начин „станала можеби и најголемиот играч во разработената шема на перење пари стекнати во криминал – главно преку трговија на дрога и оружје“.

– Најновото истражување на Центарот за евроатлантски студии (ЦЕАС) покажува дека 11 отсто од граѓаните во Србија поддржуваат влез во НАТО, 68 отсто од испитаниците се против, а 21 процент се неопределени, информира директорката на ЦЕАС, Јелена Милиќ.

– Полицијата во Судан употреби созавец откако повеќе стотици учесници во протестите против претседателот Омар ал Башир блокираа пат кон центарот на Картум. Демонстрантите, кои се собраа по фудбалски натпревар, извикувале „Луѓето сакаат режимот да падне“ и „Слобода, слобода“.

 

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close