МИА Радио флеш

МИА РАДИО ФЛЕШ

09:30/ 6 декември 2018

 

– Македонија е на 36. место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направила интернет страницата Паспорт индекс за 2018 година. Со македонски пасош слободно може да се влезе во 77 земји, додека за 41 земја визата се издава веднаш при влегувањето. За носителите на македонски пасоши потребна е виза за патување во 80 земји.

– Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош на светот. Според интернет страницата The Passport Index, на врвот на листата се наоѓа пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош може да се влезе без никакви проблеми во дури 167 земји, односно има пристап во 84 отсто од светот.

– Животот на еден милион луѓе ширум светот годишно можат да се спасат до 2050 година ако се почитуваат целите за намалување на загадувањето на воздухот зацртани во Парискиот договор, стои во извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

– Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу е уапсена на 1 декември во Канада, објавија денеска американските медиуми. Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД.

– Најмалку три лица загинаа при напад со автомобил-бомба врз полициска станица во градот Чабахар, југоисточен Иран. Иранската државна телевизија инцидентот го окарактеризира како терористички напад.

 Кошаркарите на Денвер ја продолжија победничката серија со седмиот триумф по ред остварен ноќаска на гостувањето кај Орландо по дополнителни пет минути. По оваа победа, Нагетс се со најдобар биланс од тимовите во Западната конференција.

Back to top button
Close