МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/26 декември 2018

11:30/26 декември 2018

Делчево – Фолклорни групи и оркестри што работат во состав на Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечерва ќе настапат на завршниот новогодишен концерт. Директорот на установата Методи Толевски информира дека на концертот и годинава ќе биде претставена традиционалната песна и игра од Пијанец.

Велес – Во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт на Македонската опера и балет.

Дебар – Дебарските жени и годинава најчесто својата рожба на свет ја донесуваа во гинеколошкото одделение во Општата болница во Струга.

-Во нашето одделение досега се родени 135 бебиња, чии мајки се од општините Дебар и Центар Жупа. Кај 85 од родилките е извршен царски рез. Кај нас секогаш се добро примени и кога станува збор за контроли во текот на бременоста, велат од Општата болница во Струга.

Скопје – Првоодделенците од седумте основни училишта во Општина Бутел денеска добија новогодишни пакетчиња.

Скопје – Без електрична енергија утре во периодот од 9 до 10:30 часот ќе останат дел од корисниците од ул. „Саса – 2“ (ул. „1513“) во Општина Кисела Вода.

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close