Најава на настани

МИА Најави – Македонија

15 декември 2018

15 декември 2018 

Битола – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во работна посета на Општина Битола.

– Отворање нова градинка во с. Кравари (11:00)

– Презентација на новите активни мерки и мерки за самовработување како дел од Саемот за кариера во Битола. (х. „Милениум“, Широк сокак 47/12:00)

– Посета на новоотворениот Ресурсен центар за слепи лица во Битола. (14:00)

Струмица – Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски ќе се сретнат со претставници на бизнис секторот во Струмица по повод новиот Закон за прекршоци. (Дом на АРМ/11:00, по средбата директорката на УЈП ќе го посети ТЦ Глобал каде што е предвидена и изјава за медиумите)

Скопје – Изборно собрание на ЗНМ. (СЦ „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ќе го означи почетокот на акцијата „Нула глад“ во Општина Центар, организирана во соработка со здружението Банка за Храна – БХМ. Градоначалникот ќе додели 150 пакети со храна и прехранбени производи на семејства со висок социјален ризик. (пред просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Катна гаража „Судска палата“/13:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (пред Собрание на РМ/11:00)

Скопје –  Македонско-американската алумни асоцијција (МААА) ќе одржи добротворен концерт на американска музика под наслов “Christmas in New York”. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје – Официјално затворање на 43. МОТ со бесплатен концерт на Fire! (МКЦ/21:30)

Скопје – Промоција на збирката разкази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска. (кино „Фросина“ во МКЦ/20:30)

Скопје – Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА Акдемија премиерно ќе го прикаже краткометражниот игран филм „Игра“. (Џебното кино на МКЦ/12:00)

Скопје – Отворање на изложбата Динка и студентите. (ЈУ КИЦ, Изложбен салон „Империјал 2“/19:00)

Скопје – Премиера на театарската претстава „Хамлет“ од Вилијам Шекспир. ино „Култура“/20:00)

Струмица – Осмо издание на 100 Илјади поети за промена во Струмица. (кино сала на Кафе бар „Селект“/19:00)

Дебар – Промоција на книгата „Татко ми и Титовите кученца” од авторт Делвина Крлуку. (Општина Дебар, сала за состаноци/18:00)

__________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close