Најава на настани

МИА НАЈАВА НА НАСТАНИ

МИА Најави Македонија

21 декември 2018

 Скопје – Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 71 седница.(Сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Работен состанок на Работната група во врска со реформските процеси на Интерпартиската парламентарна група за помирување, интеграција и реформи.  (Сала 4/10:30)  

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 4/12:00)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски ќе учествуваат на тематскиот форум „Судирот на интереси во власта-тенката линија до корупцијата“ во организација на Транспарентност Македонија и НВО Инфо центар. (Мултимедијален центар „Сити Хол“/10:30)

Кичево – Министерот завнатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги посети Полициската станица Кичево и локалната самоуправа. (11:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ги потпише договорите со Центрите за развој на планските региони за јавниот повик од Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој. (МЗШВ/10:30)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе присуствува на свечена седница на Наставно научниот совет на факултетот по повод 71 година од основањето на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје. (Факултет за земјоделски науки и храна, амфитеатар бр.40/11:30)

Скопје – Состанок на Градежната комора на Македонија на тема „Стабилен градежен сектор за севкупен економски раст. (Сојуз на стопански комори на Македонија/10:00, изјави за медиуми/11:00)

Скопје – Хуманитарна „Работилница за изработка на новогодишни декорации“ во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во рамки на иницијативата „Петок за млади@ФИТР“. (Фонд за иновации и технолошки развој, ГТЦ, 1 спрат спроти Жена парк/11:30)

Тетово– Дебата на тема „Македонија во НАТО, предизвиците по добивање на поканата“ во организација на Секторот за одбрана и безбедност при Алијансата за Албанците. (х.Лирак, мала сала/11:00)

Скопје – Форум  на тема „Опасноста и заштитата на архивите:заборавена обврска во институциите од културата на Македонија“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит и Македонскиот национален комитет на ИКОМ. (Кинотека на Македонија/11:00)

Скопје – Тркалезна маса за студентското организирање на тема „Студентско (не)организирање – проблеми и идни решенија“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во организација на Младински образовен форум. (х.Солун/12:00)

Скопје – Националната федерација на фармери ќе одржи средба со медиумите на која што ќе ги презентира проблемите и предизвиците во земјоделството со посебен осврт на пласманот, договорното производство, климатските промени и легализацијата на фармите. (х.„ТЦЦ Гранд Плаза“/10:00)

Скопје – Синдикатот на УПОЗ ќе одржи прес-конференција во врска со последната незаконска одлука на Судскиот буџетски совет за обезбедување на средства на додатоци на плата за месеците септември и октомври 2018 година. (ССМ/12:00)

Скопје – Доделување на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2018 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија. (Свечена сала на Собранието на РМ/12:00)

Скопје – Прослава по повод 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Македонија во организација на МАТУСИТЕБ-Сојуз на турски невладини организации во Република Македонија. (х.„Александар Палас“/17:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција. (Фински парк, нас.Ченто,Општина Гази Баба/11:00)

Скопје – Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамад Шабани и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствуваат на едукативната еко-манифестација посветена на селектирањето и рециклирањето на отпадот. (ООУ „Исмаил Ќемали“/10:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ќе ги претстави проектите за две нови градинки „Бутел 2“ и „Св.Климент Охридски“. (Општина Бутел, голема сала/11:00)

Скопје – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе одржи брифинг со медиумите на кој ќе бидат презентирани последните статистички податоци и анализи за безбедноста во сообраќајот за 2018 година. (Forza Wine Bar&Restaurant/10:30)

Охрид –  Завршна годишна манифестација на која ќе бидат презентирани најзначајните активности на Македонската алпинистичка федерација од минатата година и ќе бидат доделени наградите Јован Ангелов – Циго, за најуспешните алпинисти во 2018 година. (Амфитеатар на Филмската академија Охрид/20:00) 

Скопје – Отворање изложба на академскиот сликар Новица Трајковски насловена „Сликарот со пријателите“. (Дом на културата во општина Илинден/19:00)

Скопје – Изложба и претставување на реализираните активности во проектот „И ЈАС ИМАМ ГЛАС“ во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. (Детски креативен центар и Џебно кино во МКЦ/11:00)

Скопје – Отворање изложба „Скопје пред 8 милениуми_2:првите керамичари од Церје-Говрлево“. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје – Отворање на изложба „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“-2018 година. (Кинотека на Македонија, кино сала/13:00)

Скопје – Детскиот театарски центар-Скопје и ЈЛУ Театарот за деца Чаир ќе ја одиграат 100-та претстава за 2018 година. (Простории на ДТЦ/13:00)

Скопје – Отворање изложба насловена „Човек и простор“ на Родољуб Анастасов. (Музеј на град Скопје, галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“/19:00)

Скопје – Поетско читање во чест на Блаже Конески. (ДПМ/12:00)

Скопје – Концерт за четирирачно пијано со Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска. (Македонска филхармонија, камерна сала/20:00)

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close