МИА Флеш

МИА Флеш

Скопје– Македонската Влада е целосно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и истото го добиваме и од другата страна, односно од Владата во Атина. Вчера самите јавно кажаа дека постои мнозинство во Парламентот во Атина да се ратификува договорот, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира македонската Влада изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дадена пред два дена во грчкиот Парламент. Во целост ги почитуваме и имплементираме одредбите што се наведени во Преспанскиот договор и нема ништо надвор од него. Истото го добиваме и од другата страна, односно Владата на Атина. Вчера кажаа самите јавно дека постои мнозинство во Парламентот во Атина кое ќе го ратификува договорот. Договорот ќе биде ратификуван прво во Македонија, потоа во Парламентот во Атина и Македонија во истиот момент ќе стане и земја членка на НАТО Алијансата, истакна Бошњаковски.

13 декември 2018/16:00 

Скопје– Македонската Влада е целосно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и истото го добиваме и од другата страна, односно од Владата во Атина. Вчера самите јавно кажаа дека постои мнозинство во Парламентот во Атина да се ратификува договорот, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира македонската Влада изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дадена пред два дена во грчкиот Парламент. Во целост ги почитуваме и имплементираме одредбите што се наведени во Преспанскиот договор и нема ништо надвор од него. Истото го добиваме и од другата страна, односно Владата на Атина. Вчера кажаа самите јавно дека постои мнозинство во Парламентот во Атина кое ќе го ратификува договорот. Договорот ќе биде ратификуван прво во Македонија, потоа во Парламентот во Атина и Македонија во истиот момент ќе стане и земја членка на НАТО Алијансата, истакна Бошњаковски.

Париз – Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за париски „Ле Монд“ се правда за азилот кој му беше доделен на Никола Груевски, јави дописникот на МИА. Запрашан зошто неговата земја му дала азил на поранешниот македонски премиер, осуден за корупција без тој да го поднесе неговото барање за азил како и сите други баратели, по должината на оградата на самата граница, Сијарто вели дека во Унгарија барањата за азил се разгледуваат од независни власти, и оти тој не може да ја коментира содржината на досието.

Скопје– Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков понудил гаранција од милион евра за да излезе од затворот „Скопје“ во Шутка, потврди неговиот адвокат Љупчо Шврговски. За понудената гаранција треба да одлучи судија за претходна постапка.

Скопје– Намалувањето на основната каматна стапка од страна на Народната банка на Република Македонија, заедно со забрзување на проектите од страна на државата според министерот за финансии Драган Тевдовски ќе придонесе кон развдижување на економијата и остварување на проектираните стапки. НБРМ е независна институција, но она што е наш приоритет тоа е да се зајакнат можностите за приватнито сектор да се развива, односно да има поевтини извори на кредитирање, подобра деловна клима, а одлуката на НБРМ од вчера е чекор во таа насока, изјави министерот одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договорите за втората фаза од Ветерниот парк Богданци.

Атина – Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Ќе се повлечам од Владата, рече Каменос од грчкиот град Лариса, во неговото обраќање во седиштето на воздухопловните сили и објасни дека како политички шеф на армијата, обврзан е да преземе одговорност и во однос на националните прашања.

Скопје– За настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, денеска во Кривичниот суд исказ даваше владиката Пимен Илиевски, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Владиката Пимен кажа дека Илиевски му бил пријател и духовно чедо. Првично се запознале преку социјалните мрежи, а потоа почнале поинтензивно да се дружат и приватно. Разговарале за различни теми и некогаш биле на различни страни, но тоа не влијаело на нивното пријателство.

Скопје– На 26 декември со вкрстено испрашувањее на сведокот Ѓорѓи Лазаревски треба да продолжиа рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство во кој обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Денеска Лазаревски на прашања на обвинителот на СЈО, Артан Ајро рече дека постоеле два таргета, едниот бил Влатко Мијалков – брат на Сашо Мијалков, а вториот Александра Мијалкова сопруга на Сашо Мијалков

Скопје– На Западен Балкан ќе му требаат 50 години да го достигне просечниот стандард на Европската унија. Со сегашните просечни стапки на раст во економиите на државите од Западен Балкан стандардот би се зголемил двојно за над 20 години. Тоа го покажува истражувањето што го презентира претседателот на Сојузот на економистите на Србија, Александар Влаховиќ на денешната дебата „Предизвиците на регионалната економска соработка“, што ја организира Стопанската комора на Македонија.

Скопје – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување понуди за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари. Се работи за повик наменет за неатрактивно земјиште, од пониска класа и на поголеми надморски височини. Врз земјиштето не смее да има востановено право на закуп или плодоуживање, ниту смее тоа да биде предмет на тековни јавни огласи или денационализација. Јавниот повик се однесува на земјоделско земјиште во државна сопственост за сите катастарски општини во регионите Берово, Битола, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Куманово, Македонски Брод, Неготино, Охрид, Свети Николе, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Штип, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Чаир. Рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавата во дневните весници, односно од 12.12.2018 година.

Скопје – Директорот на АД ЕЛЕМ Драган Миноски смета дека влегувањето на компанијата на пазарот на снабдување со електрична енергија е нов предизвик и очекува дека ќе понудат прифаливи улсови за сите и дека професионално ќе ги исполнат обврските. Целта на нашата компанија е да изградиме модерна компанија што ќе биде столб на економијата и енергетиката во РМ. За да го направиме тоа треба да ги подигнеме нашите производствени капацитети, нормално со изградба на нови што се со трендот во ЕУ и на запад, а тоа е транзиција кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и навлегување се поголемо со либерализација на пазарот на електрична енергија во делот на снабдувањето и тргувањето со енергија, изјави директорот Миноски одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за втората фаза од ветерниот парк Богданци.

Скопје– До Здружението на новинари на Македонија пристигнати се две кандидатури за претседател на здружението. Кандидатури имаат поднесено Младен Чадиковски и Стојанче Наумов. Чадиковски, како што соопшти денеска ЗНМ, доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.

Скопје – Во рамки на Светската конференција за климатски промени (СОР 24), заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска се сретна со помошникот државeн секретар во Министерството за животна средина на Полска Славомир Мазурек. На средбата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, беше изразено обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација „Оn forest for the climate”, предложена од Полска, а се разговараше за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени. Во разговорите акцент беше ставен на проблемот со аерозагадувањето.

Скопје– Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува утре во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството. По денешната редовна пауза во судот исказ даваше сведокот Методија Илиевски, предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен.

Скопје – Пред насилниот упад во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски за претседател на кадровата комисија во ВМРО-ДПМНЕ го назначува Христијан Мицкоски – неговата десна рака. Додека насилно се спречуваше јасно изразената волја на граѓаните и се реализирал монструозен план, Мицкоски бил прв човек на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје – Разгледување на начините и можностите, како радиодифузерите да ги прилагодат своите програми за лицата со сетилна попреченост, и укажување на придобивките што телевизиите можат да ги добијат од ваквиот процес имаше за цел работен состанок што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа со претставници на националните телевизиски сервиси. Пред присутните беше презентирана брошурата „Како да се обезбедат информации за лицата со сетилна попреченост – Пристап, услуги, програми, материјали и алтернативни формати“, која Агенцијата ја подготви и испечати на македонски, албански и англиски јазик. Во брошурата се посочени потребите, идеите и согледувањата на слепите и лицата со оштетен вид, како и на глувите и наглувите лица во Република Македонија. Преку графикони и слики, на популарен начин е објаснето и како во зависност од видот на попреченоста – слух, вид, физичка или умствена, медиумите да обезбедат полесна комуникација преку употреба на видеа со титлување, отворени или затворени текстуални описи, гестов говор или аудио описи.

Приштина– Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет изјави дека утрешното гласање во косовскиот Парламент за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово претставува историски датум за земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својот профил на Твитер, Коснет напиша дека САД го поддржуваат професионалниот развој и организациската трансформација на ФСК и порача дека по ова очекува косовските лидери да се фокусираат на продолжувањето на дијалогот со Србија.

Приштина– Две лица од српска националност се уапсени денеска на паркингот на Министерството за бебедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина. Според порталот „Калѕо“, уапсените биле во автомобил со белградски регистерски таблички и тврделе дека го загубиле патот и дека ја бараат зградата на Поштата на Косово, која се наоѓа во тој дел од градот.

Брисел– Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“. Претставничкиот дом на Конгресот на САД, исто така, вчера едногласно усвои резолуција за воведување санкции поради изградба на гасоводот „Северен поток2“.

Брисел– Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит. Таа најави дека на Самитот на ЕУ во Брисел ќе ги запознае лидерите на Унијата со законските и политичките гаранции неопходни за договорот за Брегзит да биде прифатен во британскито Парламент.

Брисел– Бројот на мигранти кои од почетокот на годинава пристигнале во Шпанија преку Средоземно Море е двојно зголемен во споредба со истиот период лани, соопшти денеска граничната служба на ЕУ, Фронтекс. Агенцијата прецизира дека речиси 53.000 мигранти недозволено влегле во Шпанија во првите три месеци од оваа година, од кои најголемиот број од Мароко, Гвинеја и Мали.

Џакарта – Членови на семејства на некои од 189-те лица, кои кон крајот на октомври загинаа при пад на авион на индонезиската компанијата „Лајн ер“, протестираа денеска во главниот град на Индонезија, Џакарта, тврдејќи дека властите не вложуваат максимални напори за да се извлечат остатоците од леталото и останките на нивните блиски од морето. Авионот „Боинг 737 МАКС“ се урна во Јаванското Море на 29 октомври, набрзо откако полета од Џакарта.

Back to top button
Close