0_Магазин.ПорталКујна

Лисната пита со печурки и сланина

Неверојатно сочна и вкусна...

Неверојатно сочна и вкусна…

Потребно е:
1 смрзнато лиснато тесто
околу 600 г шампињони
150 г сланина
250 г кашкавал
250 мл слатка павлака
1 лажиче мелен сув зачин
сол, црн пипер

Приготвување:
– На малку масло испржете ја сланината која претходно сте ја исечкале на коцкички. Додадете ги сечканите шампињони, зачините и динстајте околу 15 минути.

– Во меѓувреме лиснатото тесто ставете го во намастена тава, избоцкајте го со виљушка на повеќе места и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 10 минути.

– Извадете ја тавата од рерна и на полупеченото тесто распоредете го филот од печурки, посипете со изрендан кашкавал и полејте со слатка павлака.

– Вратете ја тавата во рерна и оставете ја питата да се допече уште околу 20 минути, односно додека не порумени.

Таг
Back to top button
Close