Останато

Лауда конечно е дома

Шеесет и девет годишниот Лауда, член на раководството на Мерцедес, во почетокот на август годинава беше подложен на трансплантација на белите дробови и го пропушти остатокот од сезоната. Марко сподели дека Лауда се опоравува многу добро.

Виена, 19 декември 2018 (МИА) – Ники Лауда конечно се врати дома по долг период на болничко лекување и рехабилитација. Веста беше објавена од советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, кој е пријател и сонародник на легендата на Ф1.

Шеесет и девет годишниот Лауда, член на раководството на Мерцедес, во почетокот на август годинава беше подложен на трансплантација на белите дробови и го пропушти остатокот од сезоната. Марко сподели дека Лауда се опоравува многу добро.

– По пет месеци Ники конечно ја напушти болницата и клиниката за рехабилитација и се прибра дома. Откако веќе органите му функционираат, време е да ги поврати своите сили. Оптимист сум дека ќе го видиме со нас во Австралија во март, вели Марко.

Што се однесува до подготовката на Ред Бул, Марко рече дека работата со Хонда е во тек.

– Ако работите продолжат во истиот дух, имаме вистинска шанса да бидеме во битката за титулата следната година. Ние имаме поинаков пристап од Мекларен. За прв пат по 14 години сме со статус на фабрички тим. Рековме на Хонда да го изградат најсилниот мотор кој можат. Што и да ни дадат, ние ќе го ставиме во болидот. Со Мекларен било поинаку. Ние сме подготвени за фактот дека Јапонците имаат поинаква култура, но исто така имаат потенцијал и финансиски ресурси да успеат во Формула 1. Ќе видиме како ќе оди, додаде сивата еминенција во Ред Бул.вз

Таг
Back to top button
Close