0_Спорт.ПорталФудбал

Клоп го сака во Ливерпул братот на Азар

Ливерпул ја разгледува можноста да го купи офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар.

Ливерпул, 10 декември 2018 (МИА) – Ливерпул ја разгледува можноста да го купи офанзивниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар.
Според „Ливерпул Ехо“, клубот може да плати 29 милиони евра за братот на Еден Азар. Менаџерот Јирген Клоп дури инсистира на тоа да го види белгискиот репрезентативец во црвениот дрес уште оваа зима.
Борусија Дортмунд, Севиља, Валенсија, Манчестер Јунајтед и Евертон, исто така, се интересираат за помладиот Азар.
Торган Азар досега одигра 14 натпревари во Бундеслигата, постигнувајќи осум гола и шест асистенции. вз/

Таг
Back to top button
Close