ОТС

Иднината на градежиштвото-  ПТСПИ, апликација наменета за градежните компании

Број на објава:598/12/18
Датум: 18.12.2018
Нарачател:Хибрид Медиа
Телефон:+38970356512                                                                    Клучни зборови:Еликософт 

 

Пресметка на трошоци и следење проекти во изведба (ПТСПИ) претставува најсовремена веб апликација за потребите на компаниите кои се дел од градежниот сектор.

Тимот на Еликософт, спроведувајќи анализа на пазарот и соочувајќи се секојдневно со потребата од софтверска алатка за следење на работењето во градежништво, започна со процес на изработка и дизајн на оваа иновативна и уникатна web апликација.

Пресметка на трошоци и следење на објекти во изведба (ПТСПИ) е единствена на пазарот од овој вид за задоволување на потребите, пред се, на градежните компании.

Пакетот, генерално може да се подели на четири логички целини:

  • Пресметка на трошоци за објект
  • Следење на објект
  • Подизведувачи
  • Контрола на потрошени материјали.

Оваа апликација нуди заштеда на време, финансии, прецизно планирање на сите активности и контрола на целиот процес во работењето, намалување на повторен внес на податоци, контрола на внесените податоци и систем на нотификација – потсетници за одредени активности. Овие придобивки се постигнуваат преку следниве функционалности: централизираност во работата, следење на цел процес од тендери, доставување на понуда, верзионирање на понуди, евиденција на договори, електронско досие за секој проект, порачки за проекти, распоредување на трошоци по групи на ресурси (машини, материјали и работна рака), калкулации според износи и време, изработка на градежни книги и ситуации за инвеститор и подизведувач, навремен и детален увид во работењето преку менаџерски извештаи и сл.

Потребите на новото време доведуваат до неопходност работите да може да се вршат од различни локации и корисниците да не бидат обврзани тоа да го прават од своето работно место. ПТСПИ токму тоа го овозможува преку својата веб интегрирана база. На корисниците им се овозможува пристап и работа со податоците од базата од било која локација на која има интернет.

Тоа не значи дека секој човек може да пристапи и да ги користи податоците, туку само оние кои се дел од тимот и имаат свои кориснички сметки. ПТСПИ има современ систем за најава и заштита на внесените податоци да не дојдат до трети лица.

Еликософт е софтверска компанија која на мекедонскиот пазар постои 25 години насочувајќи ги силите кон автоматизација и оптимизација на системските решенија во правец на интеграција со сите системи кои се дел од глобалната компјутерска мрежа.

 

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close