ГШ на АРМ: Груби дезинформации се дека АРМ била инволивирана во „27 април’
Генералштабот на Армијата на Република Македонија ги денатира информациите за било каква инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27 април минатата година оценувајќи ги како груби дезинформации. Потенцира дека стои на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на натамошни шпекулативни толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата.