Граѓаните учествуваа во креирањето на буџетот на општина Илинден за 2019.
Граѓаните на општина Илинден предложија над 100 предлог-проекти што ќе бидат составен дел од процесот на планирање на буџетот на оваа локална самоуправа за 2019 година. Буџетскиот форум, што е во организација на општина Илинден, се одржа во Средното општинско стручно училиште „Илинден“.