ЕвропаЕвропа.Портал

Ерменија: „Мој чекор“ на Пашињан убедливо води на изборите

Прелиминарните резултати од предвремените парламентарни избори во Ерменија покажуваат дека блокот на ерменскиот премиер Никола Пашињан, „Мој чекор“ засега е во голема предност пред другите.

Ереван, 10 декември 2018 (МИА) – Прелиминарните резултати од предвремените парламентарни избори во Ерменија покажуваат дека блокот на ерменскиот премиер Никола Пашињан, „Мој чекор“ засега е во голема предност пред другите.

Од преброените гласови од 185 избирачки места, „Мој чекор“ освои 66 проценти од гласовите.

Одѕивот на гласачите на 2.010 избирачки места, беше 49 отсто, што значи дека гласале околу 1,25 милиони луѓе. Резултатите од сите гласачки места се очекуваат денеска.

На изборите се натпреваруваа девет партии и два блока.

Ерменскиот закон не прецизира калкав одѕив на гласачите е потребен за да бидат успешни изборите. Поради тоа, без разлика на излезноста, изборите ќе бидат признати како валидни.

Пашињан, кој во мај беше избран во Парламентот, по мирната револуција од почетокот на годинава, се обидува да го зајакне својот мандат.

Тој дојде на власт по масовните улични протести против корупцијата и непотизмот во таа поранешна советска република.

Пашињан поднесе оставка во октомври во Собранието, каде тој нема мнозинство, за да може да биде распуштен Парламентот и да бидат свикани предвремени избори. 
ир/гт/

Таг
Back to top button
Close