ОТС

Доделен првиот ЏИП Компас од инстант лозот – Биди Вип, вози Џип –

Број на објава:603/12/18
Датум: 27.12.2018
Нарачател:Државна Лотарија на Македонија
Телефон:+38925511991
Клучни зборови:Ново Лото 7/34 

 

Скопје, 26.12.2018. Денес во Скопје, среде празничната атмосфера на плоштад Македонија, го доделивме првиот ЏИП Компас, една од 10те премии на инстант лозот – Биди Вип, вози Џип.

Празниците може да почнат за Сања Кипријановска од Куманово, која во Новата 2019та година ќе влезе со својот нов ЏИП КОМПАС како Новогодишна желба, остварена за само 70 денари.

Сања работи во лабораторијата на МАНУ, веројатно одамна заборавила да верува во Дедо Мраз, но затоа верува во својата среќа. Сања е редовен играч на инстант лотарија и подолг период била упорна во купувањето инстант лозови со премии автомобили, со надеж дека на еден од нив ќе открие три исти симболи. Една од нејзините предновогодишни желби била токму тоа – да изгребе автомобил. Колку на нејзината верба во среќата помогнал Дедо Мраз, не знаеме, но можно  е тој својата празнична задача, да ја почнал од Куманово и тоа од продажното место Павел Тобако, каде нашата добитничка купила два лоза, а потоа не можела да поверува кога на еден од нив изгребала три исти симболи. Радоста ја споделила со сопругот и најблиските, а веќе денес го направи и првото ВИП селфи со својот нов Џип Компас.

Приказната на Сања е уште една убава приказна со која го славиме крајот на 2018та и која не потсетува дека во среќата треба да се верува.

 Кој игра, тој добива!

Инстант лозот – Биди Вип, вози Џип, е убава идеа за подарок за празниците. Можеби некој од вас ќе подари и незаборавен спомен во вид на голема парична добивка или можеби Џип Компас, но секако возбуда при самата потрага по добитните симболи.

 

 

 

 

 

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

Таг
Back to top button
Close