Фудбал

Баерн му постави два услови на Челзи за Хумелс

Челзи бара квалитетен централен дефанзивец со искуство, за да го среди дефанзивниот ред и 30-годишниот Хумелс е една од главните варијанти. Матс не е меѓу стартерите под раководство на Нико Ковач, кој ги преферира Никлас Зуле и Џером Боатенг.

Минхен, 30 декември 2018 (МИА) – Баерн Минхен ќе сака барем 30 милиони фунти од Челзи за дефанзивецот Матс Хумелс, ако тимот од Лондон сакаат да го земат оваа зима, пишува весникот „Сан“.

За интересот на „сините“ кон светскиот шампион за 2014 година се шпекулира во последните денови, но баварците речиси сигурно ќе ги одбијат сите понуди за свои главни фудбалери пред крајот на сезоната.

Челзи бара квалитетен централен дефанзивец со искуство, за да го среди дефанзивниот ред и 30-годишниот Хумелс е една од главните варијанти. Матс не е меѓу стартерите под раководство на Нико Ковач, кој ги преферира Никлас Зуле и Џером Боатенг.

Во материјалот се вели дека на Хумелс не му пречи промена и дека е подготвен да го слушне предлогот на Челзи. Баерн им даде на Британците краен рок до 14 јануари за да можат да најдат замена за својот фудбалер.вз

Таг
Back to top button
Close