0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн ќе купи дефанзивец на Атлетико за 80 милиони евра

Досегашниот најскап трансфер на „Алијанц Арената“ беше Корентен Толисо

Минхен,19 декември 2018 (МИА) – Раководството на Баерн Минхен ќе ја активира откупната клаузула на Лука Ернандез од Атлетико Мадрид во претстојниот зимски преоден рок, информира ексклузивно „Maрка“.

Баварскиот гигант одлучи да плати рекордни 80 милиони евра на клубот за да ги обезбеди услугите на светскиот шампион.

Досегашниот најскап трансфер на „Алијанц Арената“ беше Корентен Толисо.

Минатото лето, Ернандез го обнови договорот со „јорганџиите“ до 2024 година и во него има клаузула за ослободување.

Францускиот репрезентативец се повреди во дуелот со Алавеш пред десет дена и многу веројатно е тоа да е последниот негов натпревар во дресот на тимот од Мадрид.

Тој се очекува да потпише четиригодишен договор со германскиот лидер.вз

Таг
Back to top button
Close