Фудбал

Арсенал е опција за Кејлор Навас

Италија и Франција, исто така, се можни дестинации за еден од најквалитетните голмани во светот

Мадрид, 19 декември 2018 (МИА) – Се чини дека патиштата на Костариканецот Кејлор Навас и Реал Мадрид ќе се разделат. Сантијаго Солари неколкупати покажа дека нема намера да се потпира на искусниот голман, за сметка на рекордната аквизиција – Тибо Куртоа.

Навас веќе посака да го напушти тимот за да може да добие повеќе минути на друго место. Заминувањето во јануари не е исклучено, а опција пред голманот е англиски Арсенал, тврдат во Шпанија.

Унаи Емери е фан на Навас, но дали 32-годишниот голман ќе ги добие потребните минути на теренот во Северен Лондон,сеуште не е познато. Во моментов, Бернд Лено е прв голман на „Емирати“, додека легендарниот Петар Чех седи на клупата.

Италија и Франција, исто така, се можни дестинации за еден од најквалитетните голмани во светот.вз

Таг
Back to top button
Close