БизнисСветСвет.Портал

Јапонија ќе забрани владини набавки на опрема од кинеските „Хуавеј“ и ЗТЕ

Јапонија планира да ги забрани владините набавки на уреди и опрема од кинеските компании „Хуавеј“ и „ЗТЕ Корп“, за да ја зголеми својата заштита од протекување доверливи информации и кибер напади.

Токио, 7 декември 2018 (МИА) – Јапонија планира да ги забрани владините набавки на уреди и опрема од кинеските компании „Хуавеј“  и „ЗТЕ Корп“, за да ја зголеми својата заштита од протекување доверливи информации и кибер напади.

Јапонскиот весник „Јомиори“, кој прв ја објави веста, пишува дека се очекува Владата в понеделник да ги разгледа домашните регулативи за јавни набавки.

Претходно, оваа година САД исто така одлучиja да воведat забрана за набавка и користење телекомуникациска опрема од овие две компании во американските државни служби.

Американските разузнавачки агенции тврдат дека „Хуавеј“ е поврзана со кинеската Влада и дека нивните уреди може да имаат скриени можности за шпионажа. Меѓутоа, се уште нема докази за овие тврдења, кои „Хуавеј“ ги негираше.

Австралија и Нов Зеланд веќе ја блокираа изградбата на телекомуникациската мрежа 5Г од страна на „Хуавеј“ на нивните територии. паг/сп/

Таг
Back to top button
Close