0_МИА Истражува.ПорталИзбрано

Зошто нема напредок во нуклеарните преговори со Северна Кореја

Северна Кореја користи нејасен јазик со цел да го оддржи во животот договорот од Сингапур

Економист – Лондон

26 ноември 2018

Повеќе не постои нуклеарна закана од Северна Кореја, објави на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп во јуни, откако се врати од средбата во Сингапур со севернокорејскиот дикататор Ким Џонг-ун.

Трамп тврдеше дека Ким се сосгласил да се откаже од неговата нуклеарна програма во замена за американски безбедносни гаранции и подоцнежно олеснување на санкциите. Но дали по пет месеци договорот се уште опстојува и функционира?

Разузнавачките извори укажуваат дека Ким многу повеќе работи на проширување на својата програма, отколку на нејзино укинување. На 16 ноември Северна Кореја објави дека нејзината армија извршила успешно тестирање на „ултрамодерно тактичко оружје“, што претставува прво јавно признание за тестирање на оружје од ноември 2017.

Па, каде заглавија работите?

Во вакви услови се соочуваме со различни оценки на тоа што Ким навистина има намера да направи. Во текстот потпишан во јуни двете земји се договорија да „воспостават нови односи меѓу САД и Северна Кореја“ и „да изградат оддржлив и стабилен мировен систем“, додека Северна Кореја „се обврза да работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

САД оттогаш инсистираат дека на секоја нивна отстапка мора да претходи јасен севернокорејски потег кон денукларизација, како што е, на пример, предавање на целосната листа на нејзините нуклеарни постројки и овозможување инспекции на објектите што се познати.

Но, освен замрзнувањето на нуклеарните тестови (што всушност беше направено уште пред Самитот во Сингапур), Северна Кореја направи само симболични гестови, како што беше јавното уништување на една локација за тестирање што повеќе не и  беше потребна. Пред преземање на поконкретни чекори таа бара реципроцитет од САД, со на пример укинување на некои санкции.

Преговорите што следеа не резултираа со напредок. На почетокот на месецот Северна Кореја во последен момент ја откажа планираната средба меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и главниот севернокорејски преговарач Ким Јонг-чои.

Ким можеби е подготвен да се откаже од неговото нуклеарно оружје и можеби само сака цврсти гаранции пред да го започне тој процес. Сепак, поверојатно е дека тој сака само замрзнување на нуклеарото оружје, кое режимот го создаваше со децении за да го обезбеди својот опстанок и го користи во сегашната рунда преговори за да издејствува дополнителни отстапки од САД.

На крајот Северна Кореја има историја на давање ветувања на други земји од кои потоа се повлекувала. Цврстото бранење од страна на Трамп на договорот постигнат во Сингапур, кој не содржи детали како би се спроверла денуклеаризацијата, само го охрабрува таквото однесување. Ким ја одржува нејаснотијата на неговите ветувања за да остане во игра, при тоа обвинувајќи ги САД за недоволна доверба.

Засега процесот останува на својот колосек. Не е можен сериозен договор за контрола на оружјето се додека Ким не ја достави листата на неговите нуклеарни постројки, а нема показатели дека тој планира да го направи тоа. Напротив, севернокорејските државни медиуми неодамна ја возобновија својата реторика, заканувајќи се со обнова на нуклеарните тестови се додека САД не ги направат отстапките за кои Ким тврди дека му биле ветени.

Како одговор САД нагласија дека ќе ги задржат санкциите и притосокот врз режимот. Но, тие сепак испратија и смирувачки тонови. На 15 ноември американскиот потпретседател Мајк Пенс најави дека следната средба меѓу Трамп и Ким би можела да се одржи дури и ако Северна Кореја не ја достави толку бараната листа на нуклеарни постројки.

Американското прифаќање на севернокорејското сфаќање на денуклеаризацијата можеби ќе овозможи продолжување на преговореите и ќе го намали ризикот од реескалација, но малку е веројатно дека тоа ќе доведе до крај на нуклеарната програма на Северна Кореја. сп/

Таг
Back to top button
Close