БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Зиберај: Србија води досега невидена борба против зачленувањето на Косово во Интерпол

Заменик-министерот за надворешни работи на Косово, Јетлир Зиберај, изјави денеска дека борбата што ја води Србија за да го спречи зачленувањето на Косово во Интерпол е најдивата борба што е водена против Приштина од страна на Белград во изминатите десет години, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 19 ноември 2018 (МИА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Косово, Јетлир Зиберај, изјави денеска дека борбата што ја води Србија за да го спречи зачленувањето на Косово во Интерпол е најдивата борба што е водена против Приштина од страна на Белград во изминатите десет години, јави дописникот на МИА од Приштина.

Зиберај за порталот „Телеграфи“ (telegrafi.com) изјави дека оваа борба на Србија е почната веќе од поодамна и дека Белград се служи со сите можни средства, вклучително уценувања, за да ги убеди земјите членките да гласаат против зачленувањето на Косово во Интерпол.

– Несфатливо е за сите како една држава се противи на јакнењето на безбедноста и на борбата против меѓународниот организиран криминал и тероризмот. Методите на уценување од страна на Србија кон одредени држави членки на Генералното собрание на Интерпол се невидени досега, изјави Зиберај.

На Генералното собрание на Интерпол, кое почна вчера во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, утре, на дневен ред е гласањето по однос на барањето на Косово за зачленување во организацијата.

За Косово да биде примено во Интерпол, „за“ треба да гласаат две третини од 190-те членки на Организацијата.

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли изјави денеска дека е убеден дека неговата земја од утре ќе биде членка на Светската полициска организација.

Претседателството на Генералното собрание денеска го отфрли барањето на Србија, поддржано од уште пет други држави – Кина, Шпанија, Аргентина, Кипар и Суринам – за симнување од дневен ред на заседанието на барањето на Косово за прием во Интерпол. иа/ми/

 

Таг
Back to top button
Close