БалканДописници Свет

Жителите од населбата „Астир“ спас бараат од Мета и државниот обвинител

Жителите од тиранската населба „Астир“ за своите домови, кои треба да се урнат заради зградба на голема обиколница, спас побараа од претседателот Илир Мета и државниот обвинител Арта Марку.

Тирана, 27 ноември 2018 (МИА) – Жителите од тиранската населба „Астир“ за своите домови, кои треба да се урнат заради зградба на голема обиколница, спас побараа од претседателот Илир Мета  и државниот обвинител Арта Марку.

Тие синоќа и покрај обилниот дожд повторно се собраа на протест на кој потпишаа петиција,која ја доставија до Мета и Марку, во која искажуваат огромна вознемиреност и бараат прекин на работите околу овој проект.

Исто така бараат ослободување на уапсените за време на насилните протести пред албанскиот Парламент.

Поради реализација на проектот треба да бидат урнати 330 индивуални куќи, во кои живеат над илјада лица.

Владата нуди обештетување на сопствениците на легализираните објекти, додека за останатите подмирување на станарина во период од три години, со што не се согласуваат.

Жителите од населбата вчера ги избркаа работниците кои се обидоа да ги тргнат електричните столбови, како и работната група за проценка и повторија дека „домовите ќе ги бранат со сопствената крв“.

Целосна подршка им дава и опозицијата, чиј лидер и пратениците сите 23 дена беа заедно со нив. И синоќа им ветија дека продолжуваат со подршката и следните денови, се додека Владата не се откаже од намерата.За опозицијата ова е „голем коруптивен проект кој ќе ги наполни џебовите Рама“. вт/

Таг
Back to top button
Close