0_Магазин.ПорталБизнисНаука и технологија

Закерберг им наредил на менаџерите на „Фејсбук“ да користат андроид-телефон

Основачот на „Фејсбук“ им наредил на менаџерите на компанијата да користат телефони со оперативниот систем Андроид, како одговор на критиките на генералниот директор на „Епл“, Тим Кук, дека оваа социјална мрежа ја нарушила приватноста на корисниците, тврди „Њујорк тајмс“.

Вашингтон, 15 ноември 2018 (МИА) – Основачот на „Фејсбук“ им наредил на менаџерите на компанијата да користат телефони со оперативниот систем Андроид, како одговор на критиките на генералниот директор на „Епл“, Тим Кук, дека оваа социјална мрежа ја нарушила приватноста на корисниците, тврди „Њујорк тајмс“.

Несогласувањата помеѓу Кук и Закербер започнаа во март годинава, кога генералниот директор на „Епл“ за Ем-ес-ен-би-си изјави дека неговата компанија нема намера да тргува со личниот живот на корисниците.

– Сигурноста на податоците на корисниците е граѓанско право, изјави Кук.

Кук го даде ова интервју набрзо по скандалот со користењето лични податоци на 85 милиони корисници на „Фејсбук“ од страна на „Кембриџ аналитика“, британска фирма за развој на алгоритми за емитување политички реклами на Интернет, која била ангажирана за време на изборите во САД во 2016 година.

– За нас, неприкосновеноста на личната информација е едно од основните човекови права. Тоа е граѓанска слобода, изјави  тогаш генералниот директор на „Епл“.

Закерберг наводно бил незадоволен од ваквата изјава Кук, но во сторијата на „Њујорк тајмс“ не се наведува дали одлуката на првиот човек на „Фејсбук“ да ги фаворизира андроид-системот, наместо иОС на „Епл“, е донесена врз основа на оваа случка.

Социјалната мрежа реагираше на истражувањето на „Њујорк тајмс“, потврдувајќи дека постоела таква препорака.

– Тим Кук повеќепати го критикуваше нашиот бизнис-модел и Марк секогаш давал до знаење дека тој не е согласен со таквите критики, укажува „Фејсбук“ во реакцијата, додавајќи дека компанијата уште одамна ги охрабрувала своите вработени и менаџери да користат Андроид, бидејќи „тоа е најпопуларниот оперативен систем во светот“. сп/

Таг
Back to top button
Close