0_Македонија.ПорталВидео изјаваМакедонијаПолитика

Заев: Се утврдува која локација е најсоодветна за новиот клинички центар

Условите во здравствениот систем се подобруваат и јакнат и тоа го гледаме во континуитет. Секако, на Македонија и треба еден нов, современ клинички центар затоа што парцијалното решавање само на дел на клиники на така тесното грло „Водњанска“ кое го има во центарот на градот беше причината да не го прифатиме овој проект. Три или четири локации се во опција кои ќе дадат најбрза, динамична изведба на новиот клинички центар. Се работи за проект од 450 милиони евра, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Close