БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово загинаа 90 лица во сообраќајни несреќи во првите девет месеци од годинава

Вкупно 90 лица го загубиле животот во 69 сообраќајни несреќи во Косово од почетокот на годинава до крајот на месец септември, објави денеска косовската полиција на промоцијата на проектот „Концентрирај се на возењето“.

Приштина, 1 ноември 2018 (МИА) – Вкупно 90 лица го загубиле животот во 69 сообраќајни несреќи во Косово од почетокот на годинава до крајот на месец септември, објави денеска косовската полиција на промоцијата на проектот „Концентрирај се на возењето“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во истиот период се регистрирани вкупно 11.776 сообраќајни несреќи, а полицијата изрекла 305.863 казни.

Претставникот на полицијата Самедин Мехмети изјави дека Косово е второ во регионот, по Хрватска, по бројот на несреќи, со 7,8 на 100.000 жители.

Мехмети нагласи дека состојбата со безбедноста во сообраќајот годинава е видно влошена, со оглед дека во цела 2017 година загинале 42 лица, главно на возраст меѓу 20 и 30 години.

Во рамките на проектот „Концентрирај се на возењето“ полицијата ќе дели брошури за спречување на сообраќајните несреќи. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close