0_Магазин.ПорталЗанимливости

Во Кенија за користење пластични ќесиња се оди в затвор

Многу земји во светот користењето пластични ќесиња го сведоа на минимум, а некои, пак, целосно го забранија. Така, на пример, во Кенија од минатата година, нивната употреба се казнува со максимум четири години затвор.

Најроби, 12 ноември 2018 (МИА) – Многу земји во светот користењето пластични ќесиња го сведоа на минимум, а некои, пак, целосно го забранија. Така, на пример, во Кенија од минатата година, нивната употреба се казнува со максимум четири години затвор.

Таа забрана опфаќа продажба, производство, па дури и едноставно држење пластично ќесе.

Онаму каде што употребата на ќесиња е сведена на минимум, исто така, има резултати. Данците, на пример, употребуваат по четири ќесиња годишно.

Пластиката е голем загадувач на животната средина, па затоа Европскиот парламент неодамна ја одобри забраната за пластика за еднократна употреба. си/

Таг
Back to top button
Close