Свет

Во Гватемала евакуација на осум општини поради вулканот Фуего

Властите во Гватемала ги повикаа жителите на осум општини во земјата да се евакуираат кон безбедни подрачја по интензивирање на активноста на вулканот Фуего.

Гватемала, 19 ноември 2018 (МИА) – Властите во Гватемала ги повикаа жителите на осум општини во земјата да се евакуираат кон безбедни подрачја по интензивирање на активноста на вулканот Фуего.

Вулканот е лоциран меѓу три општини кои се наоѓаат од централниот кон јужниот дел на земјата.

Портпаролот на Нациналната агенција за катастрофи Дејвид де Леон изјави дека би требало да се евакуираат жителите на најмалку осум општини.

По ерупцијата на овој вулкан во јуни, загинаа 194 лица, а најмалку 234 се водат како исчезнати, иако некои организации тврдеа дека има илјадници исчезнати. јт/

Таг
Back to top button
Close