БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во акцијата во северна Митровица пронајдено оружје и уапсени четири лица

Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 23 ноември 2018 (МИА) – Косовското Специјално обвинителство соопшти дека во акцијата што утрово ја спроведоа специјалните полициски единици РОСУ во северна Митровица се уапсени четири лица осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ и е пронајдено оружје и друг доказен материјал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека во акцијата е извршен претрес на неколку објекти и имоти, за кои имало сознанија дека во нив може да се откријат значајни докази за кривичното дело, односно за досега нерасветленото убиство на Ивановиќ, еден од лидерите на косовски Срби.

– Со цел да се спроведат законските процедури за обезбедување докази за апсењето на осомничените лица за кривичното дело – убиството на Оливер Ивановиќ, врз основа на барање на Специјалното обвинителство на Република Косово и писмениот налог од судија во претходна постапка од тешки злосторства во Приштина, претресени се неколку објекти и имоти во северниот дел на Митровица, затоа што е оценето дека има реални можности на тие места да се откријат и запленат значајни докази за кривичното дело, се вели во соопштението на обивнителството.

Во акцијата, како што се наведува, „полицијата на Косово пронајде илегално оружје и други материи кои претставуваат кривично дело и за кои се постапува според службена должност“.

Оливер Ивановиќ беше убиен во јануари годинава во северна Митровица, недалеку од неговиот дом, пред седиштето на неговата партија, Граѓанската иницијатива СДП и досега немаше речиси никакви информации за сторителите и мотивите за убиството. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close