0_Македонија.ПорталПолитички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Армијата служи за потсмев поради неодговорноста и аматеризмот на власта

24 ноември 2018 

24 ноември 2018 

Радмила Шекеринска и СДСМ ја имаат зацрнето македонската одбрана. Армијата служи за потсмев поради неодговорноста и аматеризмот на власта.

Хари Локвенец пред да излегува на прес конференции треба подетално да ја праша својата шефица за хаосот во кој ја втурна одбраната.

Шекеринска од недостаток на резултати мора да се резили и да примопредава гуми.

Војниците повеќе месеци во текот на оваа година беа оставени без превоз од нивното место на живеење до касарните во кои работат, па беа принудени да се снаоѓаат сами, да се организираат и да го покриваат сето тоа од свој џеб.

Армијата и армиските ресурси, како што се армиските хеликоптери се користат за развезување по кафани и скапи ресторани.

Министерството за одбрана  наместо во приоритетни работи,  пари вложува во купување на морски плодови, алкохол и апетисани.

Со Шекеринска на чело одбраната тоне. Шекеринска и СДСМ како и во сите други сегменти на државата и општеството така и во одбраната имаат внесено само црнила.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Таг
Back to top button
Close