БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Весели: Одлуката за оставка на градоначалниците во северно Косово е избрзана и штетна

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, по денешните оставки на градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население во северно Косово, оцени дека таа одлука е избрзана и штетна за жителите на тие општини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 27 ноември 2018 (МИА) – Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели, по денешните оставки на градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население во северно Косово, оцени дека таа одлука е избрзана и штетна за жителите на тие општини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели, преку својата страница на Фејсбук, порача дека таквата одлука на локалните политичари Срби може да наштети и на односите меѓу етничките заедници во Косово.

– Ги повикувам сите граѓани од север на воздржаност, на мирна и одмерена реакција во однос на ситуацијата која се создаде последните денови. Република Косово е посветена на почитувањето на правата и интересите на секој свој граѓанин, затоа проблемите треба да се решаваат со умереност и единствено по политички пат и преку дијалог, напиша спикерот на косовскиот Парламент.

Весели порача дека „Косово ќе продолжи да вложува максимални напори за подобрување на соживотот во земјата и за консолидирање на стабилноста и добрососедството во регионот“.

По воведувањето на таксата за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина, локалните Срби денеска во северна Митровица одржаа протест, а претходно градоначалницие на таа општина и на Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ поднесоа оставки и објавија прекин на институционалната соработка со властите во Приштина.

Денешниот протест беше насочен и против последните апсења на неколку Срби во тој дел од Косово, за кои косовските власти тврдат дека се осомничени за убиството на еден од локланите српски лидер Оливер Ивановиќ, што се случи во јануари годинава. иа/сп/

Таг
Back to top button
Close